Познатиот руски видео блогер и експерт за змии, Арслан Валеев (31) од Санкт Петерсбург, сними како умира и тоа од убод на “црна мамба”.
Станува збор за неговото “домашно милениче” кое поради разводот на бракот и тешката депресија, оставил да го касне на раката.
На ова потресно видео, во моментите на дезориентација и губење на свест, тој ги моли гледачите да ја повикаат неговата поранешна сопруга, а потоа умира.
Змијата и моментот на каснувањето не се прикажани, но затоа Арслан, кој е поранешен работник во зоолошка градина, на гледачите им го покажува местото на кое го каснала змијата.
На крајот од видеото тој станува од столицата и се оддалечува од камерата. Набрзо после тоа тој умира.