Возачот на Ферари Кими Раиконен прегази еден од механичарите на својата екипа за време на влегувањето во “боксот” на трката во Бахреин.
Раиконен на 36 круг влезе во пит-стопот.
Кога Финецот виде зелено светло, веднаш тргна да се врати на стазата, меѓутоа, еден од механичарите сеуште се обидуваше да ја прицврсти гумата, па болидот му помина на неговата нога.
Раиконен забележа дека нешто се случува, па запре и ја заврши трката.