Групата активисти (Sea Shepherd Global) овјави шокантни фотографии на масовен покол на китови и делфини на Фарските острови.
Вознемирувачките фотографии ги објавија и светските медиуми, а на нив се гледаат измасакрирани китови и делфини во морето и крв околу островите.
Локалните власти велат дека се работи за лов кој се организира секоја година и кој ги снабдува жителите со стотици килограми храна, но од здружението велат дека тој лов е “варварски и бесмислен покол”.
Aктивистите ги направиле овие фотографии од август до септември оваа година и велат дека овој лов бил најкрвав до сега.
Тие побарале од Европската Унија итно да делува против ваквиот масовен покол на китови и делфини.
А/Г/