ВОЕНА ВЕЖБА НА СРПСКАТА ВОЈСКА: Тенкови, хеликоптери, хаубици, авиони… (ФОТО)

Тактичката вежба со боево гаѓање “Садејство 2018” започна денеска на полигонот Пасулјанска ливада, во изведба на Четвртата бригада на копнената војска, воздухопловната бригада и Специјалните бригади, а присутен е и претседателот на Србија, Александар Вучиќ – јавува српски “Спутник”.

Во изведувањето на вежбата учествуваат вкупно 923 припадници на војската, а ќе бидат употребени различни врсти на наоружување и преносни средства.

Помеѓу останатото во вежбата ќе учествуваат тенкови, борбени возила на пешадијата М-80А, хаубици, тенка за извлекување и тенк носач на мост, фрлачи на ракети, минофрлачи, јуришни авиони “Oрел”, како и хеликоптерите HN-42M “Гама” и хеликоптер Мi-8….

Тактичката вежба се изведува во рамките на годишниот план за реализација на вежби на српската војска.

Цел на вежбата, е преку изведувње тактички вежби со боево гаѓање да се унапреди тактичката и огнена способност на посадата и преку колективни обуки да се провери способноста на единицата за извршување наменски задачи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.