Крадците кои провалиле во куќата на фудбалерот Џон Тери од неа излегле со плен вреден половина милион евра. Од вилата украле дизајнерска торба и накит, а дека куќата е празна знаеле бидејќи поранешниот капитен на англиската репрезентација на Инстаграм се пофалил дека ужива со семејството во Швајцарија.
Сегашниот капитен на Астон Вила како многу познати личности, но и “обичните” луѓе, сакал да ги сподели убавите моменти кои ги поминува со сопругата Тони на Алпите, но може да се претпостави дека меѓу неговите 3,4 милиони следбеници на Инстаграм има и такви кои со задоволство би го ограбиле.
Ф.Г.