Денес на прес конфереснција на Илија Димовски заедно со останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ најавија дека ќе се спротистават на неуставниот закон за двојазичност ккао и на кршењето на сите процедури од страна на Талат Џафери по однос на овој закон.
-Дозволете ми да најавам дека ќе ги користиме сите возможни уставни, правни, законски и деловнички можности за да се спротиставиме на носење закон кој што нема да донесе ништо добро за Република Македонија туку ќе воспостави двоен правен систем, двојно општество, двојна јазична федерација, рече Димовски.
-Сакам остро да регирам на грубите прекршувања на процедурите поврзани со донесување на Законот за двојазичност и за двојазична федерализација на Република Македонија, кој што денеска парламентарното тенко мнозинство на чело со Талат Џафери, спротивно на огормен број деловнички одредби во деловникот за работа на Собранието на Република Македонија се обидува да го протурка спротивно на праксата и спротивно на регулативите, изјави Димовски.
Прекршен е член 118 став 4, кој што предвидува дека со одлука за основање на работните тела и анкетните комисии се утврдува делокругот и бројот на членовите на комисиите. Ние имаме одлука со која што како деловник и надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, меѓу другото е предвидено и правото на употреба на јазици и писма на заедниците.
-Оваа Комисија од страна на Џафери не беше прогласена за матична комисија, иако одлуката и Деловникот наложуваат дека тикму оваа комисија да биде матична комисија, спротивно на оваа одлука и споротивно на Деловникот за работа на Собранието, матична комисија беше прогласена Комисијата за европски прашања, која што никогаш досега не била прогласена за матична комисија за закон од ваков обем и ваква проблематика. Понатаму е прекршен член 135 став 4 , кој што предвидува дека кога предлог на закон содржи одредби со кој се врши усогласување со правото на ЕУ во воведот на Законот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ, со полн назив број и датум. Во воведот на овој предлог закон не постои изворен акт, не е наведен изворен акт на ЕУ со полн назив, број и таму поради тоа што таков правен акт на ЕУ воопшто и не постои, но значајно е што во членот 135 со ова прашања и со неколку други прашања се регулира комплетноста на поднесокот на предлог закон во процедура на Собрание, изјави Димовски.
Тој нагласи дека ова е неопходен услов за да може да се смета дека законот е комплетен и во согласност со Деловник за понатамошна постапка, затоа членот 136 кој што е исто така пркршен, предвидува дека ако предлог на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, а видовме дека не е според член 135 став 4.
-Според законот за нас колегата Џафери пред да го достави до пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите од овој деловник, што не е направено. Значи нема никакво барање од страна на Џафери до Владата и до Министерството за правда за усогласување со одредбите на овој деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена што не е направено се смета дека предлогот на законот не е поднесен. Значи нити е упатено писмо од Џафери до предлагачот за отстранување на недостатокот кој што претходно го кажав ниту пак недостатокот е отстранет. Зошто заради тоа што не посоти правна регулатива во ЕУ како мултилатерален акт со кој што може оваа проблематика да се усогласува. Која е целта на таквото прекршување, целта на таквото прекршување е да се злоупотреби знамето на ЕУ, да се стави на овој закон и целата процедура да иде по брза постапка, односо комисиите во Собранието да имаат само по три дена и во фаза на прво читање и во фаза на разгледување на амандмани, рече Димовски.
Доколку остане ова знаме на ЕУ и доколку има расправа на пример за 50 амандмани во втора фаза, тоа ќе значи дека ако во три дена дискутираме само за 10 амандмани, останатите 40 амандмани воопшто нема да бидат разгледувани. Исто така прекршени се ченовите 139 и 140 каде што е регулирано дека матичното работно тело треба да да го разгледува и Законодавно-правната комсиија во рамките на три дена, напротив ние вчера видовме дека на седница на Законодавно-правната комсиија по само еден не цел ден, грубо прекинување со грубо наметнување на гласање. Затоа ние бараме три работи, кој што се однесуваат на суштински и суптилни прашања.
СО ОВОЈ ЗАКОН СЕ ПРЕКРШУВА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР
-Прво, со овој закон очигледно е дека се прекршува и на некој начин се поништува Охридскиот рамковен договор. Ние бараме овој закон целосно да се усогласи со Уставот на Република Македонија и со Охридскиот рамковен договор. Второ, бараме да се отстранат сите процедурални прекршувања кои што се направени свесно. За да може Собранието во една нормална атмосфера, нормална состојба и широка состојба да расправа за прашањата поврзани со овој закон. Би сакал да потенцирам посебно за нашите сограѓани припадници на албанската заедница, дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема намера да бега од дебата за подобрување на употребата на албанскиот јазик во Република Макеоднија, напротив во текот на минатите денови дадовме и конкретни и конструктивни предлози кои што ќе значат навистина директна полза за обичниот наш сограѓанин Албанец. Истото го мислиме и за дебата која што ќе значи и за подобрување на употребата и на другите јазици споменати во нашиот Устав мислејќо на турскиот, српскиот, босанскиот, ромскиот и влашкиот јазик, заради тоа што според Уставот на Република Македонија и според Рамковниот договор, Република Македонија е граѓанска држава со унитарен карактер и мултиетничко општество. Ние го почитуваме тоа и сакаме да го надоградуваме со постапки кои што ќе значат подобрување на интеграцијата во општеството. За жал овој закон ќе направи двоен правен систем, овој закон ќе направи двојна држава, овој закон ќе направио фактичка јазична федерализација на Република Македонија што е спротивно на Охридскиот мировен рамковен договор, рече Димовски.
И конечно бараме, рече Димовски, во согласност со член 145 кој што вели „За предлог на закон од поширок интерес Собранието по општата расправа може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело кое што ќе ја организира јавната дискусија“.
-Бараме Собранието безусловно и без одлагање да ја запре оваа процедура и да закаже јавна расправа на која што политичарите нема да играат дневно политички игри, каде што политичарите нема да го носат главниот збор, нема да се расправаме за процедуралните грешки јас и господинот Џафери, нема да се надмудруваме, надвикуваме и надгласуваме туку ќе поканиме професори по македоснки јазик, македонисти, ќе поканиме професори по албански јазик, албанолози, ќе поканиме професори по турски јазик, босански јазик, српски, ромски, влашки, ќе поканиме професори од сите правни факултети во Република Македонија без разлика на кој јазик се одвива наставата, ќе поканиме професори по компаративно право, ќе поканиме практичари. Овој закон се однесува на сите постапка, се однесува на управна постапка, парнична постапка, граѓанска постапка, извршна постапка, се однесува на сите нотари, се однесува на сите адвокати, се однесува на сите извршители, се однесува на сите подрачни единици на министерствата во Република Македонија, се однесува на сите државни органи на власта, се однесува на сите јавни претпријатија, се однесува на сите здравствени установи, се однесува на сите фондови, агенции и други правни лица кои што обавуваат јавна дејност, рече Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ СИТЕ ЗАКОНСКИ МОЖНОСТИ ЗА ДА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА НОСЕЊЕТО НА ЗАКОНОТ
-Затоа, ова не е време посебно не пред избори политичарите да се надмудруваат и надгласуваат, ова е време кога треба да покажеме сериозност и да ја прекинеме политичката игра наметната од некое мнозинство и да започнеме реална расправа за проблемите кои што не тиштат или не мачат. Ние признаваме и прифаќаме дека голем процент од нашите собраѓани имаат интерес да се отвори ваква дебата во нашето општество ние нема да бегаме од таква дебата ќе бидеме составен дел од таква дебата и само тоа е гаранција дека ќе дојдеме до разумни решенија кои што ќе значат интеграција на нашето општество. Дозволете ми да најавам дека ќе ги користиме сите возможни уставни, правни, законски и деловнички можности за да се спротиставиме на носење закон кој што нема да донесе ништо добро за Република Македонија туку ќе воспостави двоен правен систем, двојно општество, двојна јазична федерација, изјави Димовски.
Извор: Курир