ВМРО-ДПМНЕ: “СДС да престане да се кити со инвестициите донесени во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ”

“И покрај големите ветувања, досегашното владеење на СДС по ништо не се разликува од нивното владеење во минатото. Колку за потсетување, кога СДС беше на власт како резултат на лошата економска политика, Македонија беше заобиколувана од странските инвеститори. Невработеноста изнесуваше над 38%, а преку 200.000 луѓе беа оставени на улица. Истото се повторува и сега. Она што СДС им го нуди на граѓаните е сиромаштија, затворање на фабрики и залудно сликање пред објективот на камерите”, посочија преку  прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП.

“Иако поминаа неколку месеци на локално ниво од нивното владеење, а за брзо и една година од владеењето на централно ниво, досега не видовме ниту слушнавме да најават барем една странска инвестиција.

Додека истите од улога на опозиција, читаа пресови како индустриските зони биле само зелени ливади, ВМРО-ДПМНЕ се бореше за секоја инвестиција. Како резултат на успешните политики, се отворија илјадници работни места низ Македонија, вклучително и Прилеп, со што невработеноста падна под 23%”, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

“Слободните економски зони беа и ќе останат концепт кој ВМРО-ДПМНЕ го промовираше во првите 40 дена работење. Во ТИРЗ Алинци, покрај отворање на фабриките ГЕНТЕРМ и АКОМПЛАСТ, минатата година беше поставен темелник на третата странска инвестиција ВИК, со која се очекува да бидат отворени нови 1000 работни места. Вкупната инвестиција изнесува околу 12 милиони евра и истата ќе биде целосно реализирана во неколку фази во наредните 4 до 5 години. Оваа фабрика се протега на површина од 5.200 метри квадратни и наскоро ќе почне и официјално со производство. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ преку отворањето на овие фабрики, а со тоа и на нови работни места, невработеноста во нашата општина значително се намали”, додаваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

“Редно време е СДС да престане со лажните ветувања и конечно да сработи нешто корисно. Засега освен бркање од работа и вдомување на партиски војници, не видовме никаков напредок. Секојдневното задолжување укажува дека на економијата и се заканува колапс, а егзистенцијата на многу семејства повторно е доведена во прашање. Им порачуваме на челниците и функционерите од СДС, да престанат да се кинатат со туѓи перја и да направат напори околу привлекување на нови инвестиции и со тоа да ја продолжат успешната работа од наше време.

За жал, народот на своја кожа секојден ја чувствува разликата во работењето. Наспроти реални, видливи резултати, сведоци сме на лагите од Заев, неговите министри и градоначалници, кои освен неспособност и погубни политики, немаат што друго да понудат”, завршуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.