ВМРО-ДПМНЕ: ”Градоначалникот пак лажел? Пи-Ар тимот што го плаќа 72.000 ден. месечно народни пари, го удави во лаги?!”

“Се ближи Прочка и веќе ја имаме маската на годината само за 4 месеци! Ја заслужи градоначалникот на Прилеп во краток период. Се што кажа за овие 4 месеци, а и во предизборието, излажа”, посочија на пресконференцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

“На неговите лаги повеќе не верува ни скапо платениот Пи-Ар тим? Дали е вистина г-дине Јованоски дека за тие тројца луѓе граѓаните на Прилеп од општинската каса издвојуваат 72.000 денари месечно?

Овие 3 пи ар експерти му напишале дека Прилеп е најзадолжена општина во РМ со 3,5 милиони евра и дека заради таа презадолженост тој тешко ќе функционирал. Но, бидејќи ретко е во градов, заборавил дека постои министерство за финансии и официјални податоци!

Еве ја табелата од министерството за најзадолжени општини со точен редослед и сума на долгови, а во текот на вчерашниот ден беше објавена од страна на весникот „Капитал“ – додаваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Извор: капитал.мк

“На оваа листа се објавени 20 најзадолжени, а Прилеп го нема на листата од Тевдоски.Општина Дебар е 20-та со 1.2 милиони долг, значи по умот и пресметките на Јованоски и по неговиот обид да ја лаже прилепската јавност, Прилеп би требало во неговите желби да е многу погоре на таа листа.

Но, за негова и за жал на пи-ар експертите кои го заглавуваат во жива кал од лаги секој ден не е така!!

Следниот пат му предлагаме да се фокусира на ветеното и да се зафати за работа! Да ја намали водата за 20%,да вработува по критериум квалитет како што вети, а излажа,да го гасифицира Прилеп,да направи затворен базен,нов театар и многу други ветувања.

Да го потсетиме дека благодарение на него Прилеп повеќе нема ракомет! Јованоски за 4 месеци го уништи Прилеп! Лагите и манипулациите придонесуваат секој ден да расте бројот на разочарани од него!

Ако тој сака од оваа функција да се пензионира и ужива, да го потсетиме дека Прилеп не е за во пензија!!!

Прилеп е град кој почна да се развива и треба да го продолжи тоа! Но, за жал Јованоски веќе покажа како се уништува европски град”, завршуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Еве како Јованоски тврдеше дека општината е задолжена со 3,5 милиони евра:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.