Ако за Ален Исламовиќ беше море од народ, за Харис Џиновиќ се случи цел океан во Прилеп. Градот беше преплавен со посетители од сите страни на државата, соседството и странство, а причина за тоа беше настапот на големата балканска ѕвезда на фестивалската сцена на “Пиво Фест” во Прилеп.
Настапот на Харис Џиновиќ го проследи педесетилјадна публика која уживаше во хитовите на големиот мајстор.
“Mуштулук”, “Паришке капије”, “Лаже мјесец”, “Сјечаш ли се оне ночи”, “Kako ми недостајеш”…..се редеја една по друга, а публиката уживаше и пееше заедно во еден глас.
Во продолжение погледнете дел од пеколната атмосфера која синоќа му се случи на Прилеп.
А/Г/