(ВИДЕО) Koга Македонците ги бранеа своите интереси во Мелбурн, тоа изгледаше вака

Грчката заедница во Австралија вчера излезе на протест во Мелбурн против употреба на името “Македонија” во било кој од новите предлози за преговорите со името.

Протестите кои беа најавени како мирни сепак предизвикаа инциденти. Грците прво вербално, а потоа и физички нападнале петмина Македонци кои пиеле кафе во маички со македонски симболи во некое кафуле, при што полицијата употребила и солзавец.

Ако Грците вчера се собраа околу 2000 на број, еве како изгледаше Мелбурн кога на 24 мај 2008 година, Maкедонците излегоа на протест против грчкиот национализам и во заштита на националните интереси.

Во организација на тогашниот протест учествуваа сите политички и неполитички македонски организации во Австралија. Според проценката, излезени беа помеѓу 40 000 и 50 000 Македонци, а според некои проценки дури и многу повеќе, стои во описот на видеото во прилог.

Овие протести тогаш беа прикажани на сите телевизии во Австралија и во сите прилики Македонците беа претставувани како Македонци со земја на потекло Македонија (без никакви додавки).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.