(ВИДЕО) 36 часа потрага по леопард: Дивата мачка упаднала во фабрика – нема да верувате како ја фатиле

По речиси 36 часа потрага леопардот е фатен во фабричкиот комплекс на “Марути Сузуки” во Индија, пишува Би-Би-Си.

Залутаниот леопард службениците во фабриката го виделе на безбедносните камери во дел од комплексот во кој се произведуваат мотори. Ноќните работници веднаш биле евакуирани, просторот бил затворен, а кога дневните работници пристигнале во четвртокот наутро, не можеле да влезат во комплексот.

За време на долготрајната потрага камерите уште неколку пати го снимиле леопардот пред конечно да биде лоциран и успиен.

– Леопардот е пренесен во болница на преглед и покасно ќе биде пуштен во дивината – изјавиле службениците за зачувување на шумата за Би-Би-Си.

 За да го фатат леопардот, тимовите задолжени за “лов” користеле и два кафези во кои имало живи кози, а се обиделе да го избркаат со петарди, пренесува “NDTV”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.