Штотуку родено бебе стана нтернет сензација, бидејќи проодело неколку минути по неговото раѓање.
Некои луѓе се сомневаат во автентичноста на видеото, на кое точно се гледа дека дури и бабицата не може да верува во тоа што го гледа.
-„Ох, мој Боже, па девојчето оди. Мили Боже.“ – вели таа, а во позадина се слуша личност која вели дека сака сето тоа да го сними.
Бабицата објаснувала дека се обидувала да го избања детето, но бебенцето упорно се подигнувало и одело, потпирајќи се на рацете.
Повеќето луѓе во коментарите ја нарекувале „чудесно бебе“.