Пред 10 години видеото на Јутјуб “Чарли ме касна на прстот” беше едно од најпопуларните видеа во светот.
Ова видео видео стана познато бидејќи е урнебесно смешно, неверојатно слатко и забавно и за кратко време собра 850 милиони прегледи, што беше рекорд во тоа време.
Момчињата пораснаа. Хари има 13 години, а Чарли 11 години. Нивното видео на семејството му донесе богатство од неверојатни 1,1 милиони евра. Во текот на годините тие двајца гостувале во многу телевизии и биле дел од голем број реклами.
Нивниот татко Хауард призна дека видеото било наменето само за пријателите и семејството, но кога виделе како гледаноста расте од ден на ден, одлучиле да го задржат на својот Јутјуб канал, пишува “Ледбајбл”.
Ф.Г.