Силвио Берлускони го опиша новиот претседател на Франција Макрон како ” фино момче со многу згодна мајка”, очигледно алудирајќи на разликата во годините меѓу францускиот претседател и неговата жена Бриџит Макрон, пренесува “telegraf.co.uk”.
Поранешниот италјански премиер, кој е познат по своите дипломатски гафови, вчера се пошегува велејќи дека претседателот Макрон е “39-годишно момче со богато работно искуство и пред се со згодна мајка која го носела под рака додека бил мал”.
Берлускони кој е познат по ваквите изјави рече дека критичарите воопшто немаат смисла за хумор.
Во 2009 година изјави дека илјадниците луѓе кои останаа без кров над глава по земјотресот во Аквили, да се однесуваат како да се на кампување. За Обама изјави дека е згоден, млад и добро исончан.
Исто така, добро е позната и ситуацијата за време на НАТО самитот кога ја натера германската канцеларка Ангела Меркел и другите учесници да го чекаат додека тој телефонира.
Цел свет се смееше кога при посетата на Ангела Меркел реши да се пошегува со неа, па се сокри и покасно и посака добредојде.
Ф.Г.