ВИДЕО: Украл 800 метри асфалт и го продал за 640 евра

Кинез од покраината Јангсу украл 800 метри бетон од локалниот автопат, па го продал на градежна фирма за 5.000 јуани (640 евра), јавуваат локалните медиуми.

Крадецот, меѓутоа, немал среќа, оти локалните жители веднаш го пријавиле исчезнувањето на автопатот в полиција.

Селаните всушност мислеле дека автопатот се реновира, но полицијата утврдила дека нештата стојат поинаку. Инвентивниот „итрец“ изнајмил машини со кои исекол 800 метри од автопатот и блоковите ги качил на камиони пред да ги одвезе во градежната компанија.

– Па, по тој автопат веќе никој не вози. Зошто тогаш да не земам бетонски блокови и малку да заработам?, рече тој во своја одбрана.

„Сиромаштијата ги чини луѓето креативни”, гласи еден коментар на социјалните мрежи. Друг пак, сугерира дека „најсоодветна казна за сторителот би било сам да ја поправи уништената делница”.

Крадецот вкупно украл и препродал 500 тони бетон.

Man in China arrested for highway robbery… he literally stole the street from Darko Knezevic on Vimeo.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.