Младата Австралјанка Ема Кери (25) пред пет години доживеала несреќа во која за влакно ќе го загубела животот. Додека била на одмор во Швајцарија посакала да скокне со падобран, но на првиот и единствен скок кој го извела заедно со инструкторот, го повредила рбетот, бидејќи падобранот не се отворил правилно.
Како што вели, била воодушевена кога скокнала од хеликоптерот, но не знаела што може да очекува, бидејќи тоа бил нејзин прв скок.
– Почувствував дека малку успоривме, но падобранот не беше над нас, таму каде што требаше да биде, а мојот инструктор не ми одговори. Колку што бевме поблиску до тлото, сфатив дека нешто не е во ред- вели Ема.
Тоа биле неколку страшни моменти кои Ема никогаш нема да ги заборави.
Ема го повредила рбетот и поради тоа четири месеци поминала во болница. Кратко користела и инвалидска количка, но упорноста се исплатила и повторно застанала на нозе.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.