Претседателот на Туркменистан, Гурбанули Бердимухамедов, објави видео во кое ги демонстрираше своите воени способности. Претседателот во видеото пука, фрла ножеви и прави склекови, а откако во 2016 година дојде на власт, успеа да изгради култ на неговата личност и да се претстави себе си како “Бог”. Многу луѓе го сметаат за нарцисоиден диктатор, а со оглед на тоа дека Туркменистан нема слободни медиуми, тој во целост контролира она што се пишува за него и како го претставуваат.