Полицијата на југот на Австралија, за време на проверката на рибарските бродови недалеку од Едитбург, доживеа “блиска средба” со голема бела ајкула.
Полицискиот чамец долг 4.5 метри беше пократок од ајкулата која ги следеше, пренесува британски “Телеграф”.
По неколку минути ајкулата го промени правецот и се оддалечи од полицајците, а тие и го дадоа името “Ноа”.