Принцот Чарлс се подготвува за сериозни преговори неговата жена Камила да стане кралица, кога тој ќе го преземе тронот во 2021 година.
Според неофицијални информации таа самата не ја сака оваа титула, односно смета дека за неа ќе биде доволно да остане принцеза.
Кралицата Елизабета би можела да се повлече на својот 95 роденден – на 21 април 2021 година.
Главните противници на Камила се обожавателите на принцезата Дајана, но има и такви кои сметаат дека Камила го заслужува тоа.