Со освојувањето на Купот на Кралот во Леон, Кирил Лазаров го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона. Со стил, со победа и трофеј македонскиот ракометар ја заврши четиригодишната авантура во Барса и по седум години во Шпанија заминува во француски Нант. Овој трофеј за Лазаров е петти во сезоната со Барса, а вкупно 21. признание откако го носи дресот на Каталонците.
Капитенот на Барселона, Виктор Томас, му ја препушти честа на Кире Лазаров да го подигне трофејот.