ВИДЕО: Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е најфрапантниот доказ за начинот на кој работи СЈО и притисоците што ги врши врз него но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги.

Нов скандалозен видео материјал фрла ново светло врз упадот на СЈО и полицијата во домот на екс претседтелот на кривичниот суд Владимир Панчевски. На материјалот од домашниот видео надзор од домот на судијата се гледа како еден од службениците го зема домашниот клуч на судијата и го става в џеб.

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е најфрапантниот доказ за начинот на кој работи СЈО и притисоците што ги врши врз него но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги.

Според него снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата со кои се служи СЈО.

„Не говорам за вербални закани и физичко насилство, туку за најподмолна конструкција и криминал од времето на УДБА“.

На снимката јасно се гледа како едно од службените лица ја злоупотребува службената положба и го краде клучот од мојот дом. Не станува сбор за случајност“,  вели Панчевски и прашува , дали за ова службениот добил наредба од Катица Јанева или од претпоставените во МВР.

Тој сака да знае што планираат со клучот и дали може да очекува нови упади во неговиот дом.

Загрижен е за својата и безбедноста на своето семејство. Во исто време Панчевски тврди дека наредбата врз која е извршен претресот е незаконска.

Според него чудно е што налогот за претрес во неговито дом во Скопје доаѓа од гевгелискиот суд каде што е општо познато дека Јанева има добри релации.

За него е крајно неразбирливо и тоа што наредбата за претрес  гласи за незаконско прислушување што ја сториле други лица а во јавноста  Катица Јанева лажела дека станува збор за местење предмети преку судскиот систем.

Извор: kurir.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.