Русија е одлучна во намерата да се одмазди на џихадистите кои денес соборија руски авион и го убија пилотот.
Набрзо откако беше соборен рускиот авион СУ-25 во близина на градот Саракиб, Руската војска одлучно тргнала во казнена мисија на југоистокот на покраината Идлиб.
Првиот напад го извела група на руски авиони, а Министерството за одбрана објави видео од елиминирање на најмалку 30 џихадисти кои биле во ова место.
Според наводите на медиумите, околу 20:00 часот забележани биле ракети кои предизвикале силна експлозија во планинскиот масив Џабал Завија.
SE. #Idlib: #Russia|n retaliation ongoing, heavy cluster bomb attack this night on village of Maasaran, near impact site of #RuAF Su-25. https://t.co/FOESQZDiP5 pic.twitter.com/qIccpveA7F
— Qalaat Al Mudiq (@QalaatAlMudiq) February 3, 2018