Две мајки од Бразил ги чекаат резултатите од ДНК тестот кој треба да покаже дали нивните деветмесечни синови биле помешани во породилиштето по раѓањето.
Франциела Монтеиро Гарсија и Ериванија да Силва Сантос од градот Алта Флореста, извршиле ДНК тестирање како би утврдиле дали во породилиштето е направена голема грешка.
Грешката е откриена пет месеци по раѓањето на децата, на рутински преглед, кога Франциела ја забележала сличноста на другото бебе со нејзиниот сопруг.
Ја контактирала Ериванија, а кога и таа подобро забележала сфатила дека децата се помешани во болницата. Двете жени се породиле на истиот ден , 20 мај 2017 година, во истата болница.