Младиот француски тенисер Максим Хаму е отстранет од Ролан Гарос поради сексуално вознемирување. Додека имало пренос во живо, тој сe oднесувал крајно непрофесионално, се обидел да ја бакне новинарката, ја прегрнувал, а потоа ја фатил и за градите, поради што е елиминиран.
– Неговото однесување е примитивно и за жал рефлектира однос каков што не треба да постои меѓу маж и жена. Да не бев во живо ќе го удрев, изјавила потоа новинарката Мали Томас.
Тенисерот има 21. година, и е на 287 место на АТП листата.