Свесни сме дека лапсусите може да се случат на емисија во живо, на тоа и навикнавме, но на пцовките баш и не.
Имено, спикерката на информативната програма на Пинк телевизија која се емитува во живо, си ја олесни душата со една сочна пцовка.
При завршувањето на еден од прилозите, се слушна како водителката нервозно пцуе. Иако веројатно сфати дека микрофонот е сеуште вклучен, остатокот од Дневникот го водеше професионално, како ништо да не се случило.
Ф.Г.