Исаија, еден од најпознатите, најчесто цитираните и во народот најомилени старозаветни прорци, роден е околу 760 година пред Христос. За тоа постојат докази.
Го предвидел доаѓањето на Месијата, безгрешното зачнување и Исусовото распнување.
Најновото археолошко откритие, кое одекна ширум светот, докажува дека Светиот пророк Исаија не е само библиски лик туку и вистинска историска личност.
Имено, пронајден е отисок од печат на глинена плочка, долг околу еден центиметар, кој го содржи натписот “Пророк Исаија”.
Фрагментот е пронајден меѓу бројните остатоци за време на ископувањето во Ерусалим. Отисоците се настанати со нанесување на печат на мека глина, а еден од печатите е од кралот Језикија, тринаесеттиот крал на Јудеја.
A 2,700-year-old clay seal from Jerusalem may reference Isaiah—the earliest reference to the prophet outside of the Bible https://t.co/XYxXG8poMY
— National Geographic (@NatGeo) February 22, 2018