(ВИДЕО) СЕКСИ И МОЌНИ: Овие политичарки не се срамат од својот изглед

Сексот и политиката одсекогаш биле поврзани, но не често во овој облик. Овие жени се успешни политичарки, но тоа не ги спречува да бидат секси!

1. Мара Карфанја – Италија

Таа порано била топлес модел и танчерка, но станала најконзервативна политичарка. Карфанја е министерка за еднаквост, а голем број портали ја опишуваат како поранешен модел и ТВ водителка која е “најубава министерка во светот”. Ја нарекуваат “Мара Ла Бела” (Убава Мара). Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и бил многу наклонет, а еднаш дури рекол дека би сакал да се ожени со неа, доколку не бил оженет.

2.Ева Каили – Грција

Поранешната водителка е избрана во грчкиот парламент во 2007 година, а има статус за “најзгодна парламентарка” во Грција.

3.Ана-Марија Галојан – Естонија

Оваа убавица го предводи Естонското европско движење. Важи за една од најважните жени во Естонија, а била оптужена за проневера на средства и трошење на  козметика. Нејзиниот одговор? Позирала за Плејбој во знак на протест.

4.Вера Лишка – Австрија

Вера е поранешна пливачка од Австрија, која се натпреварувала за својата земја во 1966 година на Летните олимписки игри во Атланта. На Европското првенство истата година освоила титула на 50 метри.

5.Сетхрида Геагеа – Либан

Една од најпопуларните политичарка во Либан, има репутација не само поради убавината, туку и поради пркосењето на сириската доминација. Нејзиниот сопруг Самир Геагеа, пуштен е од затвор после 11 години во 2005 година.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.