На интернет се појави видео од една кинеска венчавка која ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како младоженецот на сила ја извлекува невестата од автомобилот, додека сватовите гледаат во неверување.
Според одредени информации, младоженецот ја исфрлил невестата и барал да му се вратат 35.000 фунти кои и ги дал како подарок. Потоа се појави вест дека невестата барала голема сума на пари на самиот ден на венчавката за да се омажи. А сватовите имале свое објаснување, односно дека невестата го изненадила младоженецот така што на свадбата ги довела своите деца за кои младоженецот не знаел.
Ф.Г.