Русинката Олга Иванова во 2013 година освоила златен медал на светското првенство во таеквондо во тешка категорија (73+кг) кое се одржало во Мексико.
Истата година шетајќи по улиците на Русија налетала на маж кој се карал со својата жена, ја влечел и туркал.
Олга се приближила за да помогне, а кога мажот тргнал да ја удри таа со еден потег успеала да го собори.
Иако многумина се сомневале дека ова видео не е вистинско, Иванова потврдила дека оваа сцена навистина се одиграла. Таа била наградена и од градоначалникот на градот поради делото кое го сторила.