Несекојдневна глетка ги шокираше граѓаните во Париз. На брегот на реката Сена, во центарот на градот, се појавил леш на кит долг 17 метри. Околу него неколку форензичари го проучувале и земале примероци.
Сепак, не станува збор за вистински кит, туку за уметничко дело кое изгледа толку реално што луѓето шокирани го фотографирале од далечина.
– Ова многу ме растажува. Кит да го напушти Атланскиот океан и да заврши овде. Тоа значи дека постои проблем. Мислам дека ние луѓето сме виновни за ова- вели парижанката Анастасија.
– Ова е навистина тажно. Изгледа не се случува само овде, туку во целиот свет – вели Грег, британски турист.
Ф.Г.