Еден од најголемите ледени брегови во светот се оддели од Антарктикот, од неговата западна страна, пренесува “Sky News”. Научниците внимателно го надгледуваат ова случување.
Неговата површина е 5000 километри квадратни. Се верува дека овој брег е еден од десетте најголеми ледени брегови кои некогаш се снимени.
Уште во 2015 година научниците предупредуваа дека ваквото сценарио може да предизвика голема опасност.
Овој брег е сега помал за 10%, а научниците велат дека одвојувањето на ледените брегови го променило обликот на живот на Антарктикот.
Ф.Г.