Тој бил пресреќен што преживеало и неговото домашно милениче.
Дека полошо од најлошото не може да биде, доказ за тоа е животот на дедото Али кој живее во турската провинција Болу во крајно нехумани услови. Додека пробувал да ја згрее својата куќа со бензин за да може да се стопли, избувнал пожар и целата куќа изгорела.
Во последниот момент, тој го спасил и своето маче.
Портпаролот на претседателот, Ибрахим Калан, по тој повод се сретнал со гувернерот на Болу со кој се договорил од темел да ја реновираат куќата на Али со цел дедото и неговото маче да можат да живеат во топол дом, заштитени од студот.
На социјалната мрежа Инстаграм е покрената кампања со цел да се соберат средства за помош на Али.