На денешната седница на Собранието на која сеуште се расправа по поднесената Интерпелација за владата предводена од СДСМ се води жестока дебата.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги истакнуваа сите слабости на актуелната влада, чие работење ќе биди ставено на тест.
На излагањето на пратеникот од владеачкото мнозинство Павле Богоески, своја реплика даде Димитар Стевананџија и укажа на сите небулози кои го пратеа неговото седнување во пратеничкото столче.
Една таква изјава беше таа во која Богоевски пред парламентарните избори во 2016 година вети дека ќе се повлече од кампањата доколку се најде еден доказ дека Заев заговара двојазичност во Македонија.