Во новиот документарец за рускиот претседател Владимир Путин, кој го изработи новинарот Андреј Кондрашов, оретседателот на Русија се присети на инцидентот од 2000 година кога неговиот хеликоптер беше нападнат над Чеченија.
Во тоа време Путин беше претседател на Русија, негов прв мандат. Патувал во Чеченија за да им ја честита Нова година на руските војници.
Првиот човек на Чеченија, Рамзан Кадиров изјавил дека тоа било опасно време за Русија.
“Хеликоптерот не можеше да слета”, вели во документарецот Кадиров.
Официјалното соопштение беше дека леталото не е во состојба да слета поради лошото време, но вистината е дека хеликоптерот летал сред оган, напоменува Кондрашов.
“Претпоставив дека е огномет бидејќи беше Нова година, но пилотите извикаа:”Каков огномет, нападнати сме!”, вели Путин.