Легендариниот Шекил О’Нил има голем проблем при изговарањето на имињата на српските репрезентативци, овој пат тоа беше Милош Теодосич.
Теодосич влезе во конкуренција за најдобра асистенција во сезоната, а кога легендарниот Шек требаше да го изговори неговото име, му се заплетка јазикот.
Теодосич го нарече “Тоддотич”, а кога се обиде да се поправи, звучеше уште полошо.
Пред само еден месец Немања Бјелица го прекрсти во “Ниманџа Биџелика”.