Изминатите две вечери во Струга буквално не можеше да се дише. Поради пожарот на депонијата кој никој не го гаси и кој повторно се активира, граѓаните на Струга мораа да дишат канцерогена и токсична магла во сред јули.
На социјалните мрежи граѓаните на Струга и околните места масовно се жалеа дека чадот од депонијата која со денови гори, буквално ги пече грлото и очите.