„Еве ја вистина со докази од безбедносните камери од домот на Јане Ченто на која се гледа дека службените лица на МВР не постспува согласно законот за куќен притвор – објави порталот “Инфомакс”.
Службените лица на МВР тврдат дека Јане Ченто не е присутен во неговиот дом на ден 30.03.2018г. Од 11ч. и 10мин. до 11ч. и 40мин., но камерите го тврдат спротивното.
Службените лица на МВР пристигнуваат во 11:16:50 заминуваат во 11:19:20 во нивното присуство од 3 минути и 30 секунди тие констстираат дека Јане Ченто не е присутен во неговиот дом цели 30 минути, а на камерите се гледа дека не проверуваат туку само стојат пред влезната втата. Тоа се гледа и на внатрешната безбедносна камера дека воопшто не пробале да ја отворат вратата.
Камерите потврдуваат дека во домот се присутни Јане Ченто неговата сопруга и неговиот син во 11:33:48 од неговиот дом излегува сопруга со неговиот син, подоцна во 11:46:20 излегува и Јане Ченто во неговиот двор.
Доколку службените лица на МВР постапеле праволно по законот за проверка на куќен притвор ќе утврделе дека Јане Ченто е присутен во неговиот дом. Погледнете ги снимките од камерите за да ја дознаете правата вистина…“, напиша Коле Спиркоски, таткото на Јане Ченто на својот Фејсбук профил.
Таткото на Јане Ченто објави и втор дел од видеото од безбедносната камера поставена во нивниот дом
Најавена е објава и на трет дел од снимката од безбедносните камери, која ќе ја додадеме штом ќе биде публикувана на Јутјуб.
Извор: “Инфомакс”