Војската на САД секоја година организира обука за преживување, наречена “Златна кобра”. Оваа обука е најголема во светот, на која војниците покрај нивните редовни воени вежби, од локалното население учат и гадни методи за преживување.
Инструкторите ги учат војниците да уловат кобра, да и ја отсечат глава и да ја испијат нејзината крв.
“Златна кобра” за прв пат е организирана во 1982 година. Тоа бил воен тренинг за подобрување на соработката меѓу воените сили на САД и Тајланд.
Овој настан има за цел зајакнување на врските меѓу САД и Тајланд, најстариот сојузник на Америка во регионот на јужна Азија.