Членови на кинеско семејство се посомневале дека нивната покојна мајка (73) оживеала, па сред погреб го отвориле ковчегот.
Потоа започнале да и довикуваат, надевајќи се дека ќе им одговори. Но бидејќи никој не одговорил од ковчегот, повикале Брза помош. Меѓутоа, лекарите го прегледале телото на 73-годишната старица и утврдиле дека навистина е мртва.
Лекарот од Брзата помош Чанг изјавил дека добил бизарен повик и дека му било кажано дека жената станала од мртовечкиот ковчег.