(ВИДЕО) НЕЗАПАМТЕН СЛУЧАЈ: Питон навлечен на опасна дрога

 

Огромен питон се навлекол на метамфетамин, во уличниот речник познат како “кристален мет” и “ајс”, во толку голема мерка, што морал да заврши на одвикнување.

Змијата завршила на рехабилитациски центар во околината на Сиднеј, а нејзиното чудно и агресивно однесување ги згрозило полицајците и експертите за животна околина.

Всушност, тие змијата ја фатиле за време на рација во една лабораторија преполна со дрога.

“Питонот беше на ивица, чуден и нервозен”, изјавил Ијан Мичел, дресер на змии.

На питонот му било потребно месец дена да ја исфрли дрогата од телото, а после седум месеци во целост се вратил во нормала. Инаку, змиите се омилени животни на дилерите, кои ги користат за чување и криење на “робата”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.