Овој човек се обиде преку граница, во куфер, да ја пренесе својата жена, пишува британски “Мирор”.
Неодамнешното видео кое го “фатија” безбедносните камери на границата меѓу Турција и Грузија, прикажува 47- годишен човек како влече куфер и ја поминува пасошката контрола без проблем.
Во еден момент куферот се заглави меѓу ѕидот и вратата.
На граничарите тоа им било сомнително, па одлучиле да проверат за што се работи. Кога го отвориле куферот, имале што да видат. Човекот во куферот ја носел својата 27-годишна сопруга која била вмешана во тешка сообраќајна несреќа и која била барана од полицијата.
Видеото можете да го видите ОВДЕ
Ф.Г.