На интернет се појави видео за кое еден од “НЛО-ловците” тврди дека НАСА го прекинала преносот во живо од вселената, во моментот кога непознато летало се појавило во кадарот.
НАСА на својот портал има директни преноси од вселената од Меѓународната вселенска станица, а интересно е тоа што во еден момент преносот се прекинува поради наводни технички проблеми.
И додека од една страна “НЛО-ловците” тврдат дека се работи за вселенска чинија, други сметаат дека станува збор за тајна технологија за која НАСА не сака да и открие на јавноста.
Ф.Г.