(ВИДЕО) Морничава приказна за курдски снајперист: “Морам да убивам, но кога треба да убијам дете….”

Уште една сторија за ужасите од војната во Сирија

Режисерот Роберт Донски го ризикувал сопствениот живот да сними краток документарен филм за курдскиот снајперист Харон, кој дошол во сирискиот град Кабани за да се бори против Исламска држава.

Неговата приказна е сторија за пукање, убивање и размислување за иднината.

“Кога ги убивам, ги проверувам нивните тела. Секако дека ме прогонуваат додека сонувам. Некогаш тоа се деца. Но, морам да ги убивам за да не ме убијат мене”, рекол Харон.

Како што истакнува во филмот, не е воопшто лесно да се биде снајперист затоа што тоа бара голема математичка прецизност при пукање.

“На Харон му беше драго да ја раскаже својата приказна, бидејќи сеќавањата го прогонуваат. Најтешкиот дел од снимањето беше кога Харон ги проверуваше телата кои ги убиваше. Тоа беше напнато, но ми е драго што успеав”, рекол режисерот за Атлантик.

“Ситуациите низ кои поминав не би му ги посакал никому”, рекол на крајот Харон.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.