На вториот кат од Белата куќа забележани се силни црвени светла чие потекло не е утврдено, соопшти ТВ “Фокс 5 Атланта”.
– Блесоците престанаа, но никој од Белата куќа не пријави никаков инцидент – се наведува во соопштението на телевизијата.
Блесоците биле забележани околу 20 часот и 30 минути по локално време.
Овој настан покрена лавина коментари на социјалните мрежи, а голем број на корисници не можеа да одолеат, па ја споделија својата теорија за целиот случај.
Некои велат дека излгедало како светло од ноќен клуб и дека Трамп прави забава.
Други се шегуваа дека американскиот претседател сигурно имал таен разговор со Русија, пренесува “newsline.com”.
Ф.Г.