И покрај цензурата на медиумите и блокирањето на вестите за насилството на мигрантите, на социјалните мрежи постојано се појавуваат снимки со оваа тема. Видеото на кое мигрант тепа човек во Германија, бидејќи бил Евреин, ги запали социјалните мрежи. Напаѓачот на арапски извикуваше “Јахуди” што во превод значи Евреин.
Човекот е нападнат во населбата Прензлауер Берг која важи за богат дел во Берлин. Како што потврди жртвата на верски мотивираниот напад, покрај напаѓачот кој го тепал со колан, стоеле уште двајца негови пријатели кои го навредувале, пренсува “dnevnagazeta.rs”.
Нападнатиот човек вели дека носел јармукла, верска капа која ја носат Евреите.
Antisemitischer Angriff in #Berlin – ein Mann schlägt mit einem Gürtel auf einen Mann ein und bezeichnet ihn wiederholt als "Yahudi" (arabisch für "Jude"). #Antisemitismus pic.twitter.com/YCHVgCF1ox
— Jüdisches Forum (@JFDA_eV) April 17, 2018