Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред полна сала на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос.
Неговиот говор привлече големо внимание, иако многу лидери претходно изјавија дека ќе го бојктираат. Си-Ен-Ен пренесуваат дека Трамп бил дочекан како рок ѕвезда.
По доаѓањето во Давос, го дочекале новинари од најголемиот весник во Швајцарија “Блик”.
"It wasn't until I became a politician that I realised how nasty, how mean and how vicious, and how fake, the press can be," Donald J. Trump said to a chorus of boos at the World Economic Forum in Davos pic.twitter.com/BXozwNUrNy
— The Telegraph (@Telegraph) January 26, 2018
Трамп со воодушевување ја погледна насловната страна на која стоеше неговата слика и натписот: ” Добредојде во Швајцарија”. Кога новинарите му објаснија дека се работи за најмоќниот медиум во земјата, тој се потпиша на весникот.
Трамп говорот го започна со осврт на американската економија и се пофали со големи бројки.
Трамп рече дека отсекогаш имал добар однос со медиумите, но откако станал претседател сфатил колку злобни, сурови и безобразни може да бидат.
Тој одговори дека тоа што е бизнисмен многу му помогнало во претседателствувањето, бидејќи како што рече знае да создава пари.