(ВИДЕО) Кога на невестата бакнежот не и е по волја

Многупати досега сме имале можност да видиме пропаднати запросувања и инциденти на сведбени церемонии, но чудната реакција на една невеста на самата свадба, според многумина е една од нејневеројатните настани досега.

nevesta

Имено, додека на венчавката младенците стојат пред олтарот и сите со нетрпение го чекаат бакнежот како потврда за склучениот брак, на оваа невеста очигледно нешто не и било по волја.

Така додека момчето го подигнува велот за да и пријде на невеста и да ја бакне, таа пред сите присутни и пред камерите, само ја врти главата и ја одбива подадената уста од новиот сопруг.

Засега не е познато што е причината за ваквата нејзина постапка, дали невестата без волја влегла во бракот или можеби се работи за нешто сосема друго.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.