Моментот на ваше невнимание како пешак и возач на автомобил може да биде фатален.
Гледате дека автомобил оди кон Вас, слушате кочење, а вие имате помалку од секунда за да реагирате и да си го спасите животот-еве како!
Шансите да преживеете при удар од некое возило зависи од брзината на движење на истото. Ако возилото се движи со 70 километри на час нема да имате време да реагирате и силата на ударот ќе биде голема за секоја коска со која ќе дојде до допир при ударот. Но, обидот нешто да направите додека возилото се приближува нема да ви наштети.
Штосот е во тоа што треба веднаш да се подигнете, да скокнете… Професионалниот каскадер Тами Берд вели дека клучот во тоа е да се обидете да се навалите или да скокнете на хаубата на автомобилот. Во спротивно, автомобилот ќе ве исфрли со силен удар.
Подигнете ги нозете за да не дозволите тежината да биде во нив и нема да дозволите да ве удри на земја. Ако од ударот летнете во воздух, подигнете ги нозете така што со задникот прво да паднете на хаубата. Кога ќе се најдете на хауба соберете ги рацете и дланките за да ја заштитите главата. Ако сте во можност испружете се на хаубата за да ја намалете силата на ударот.
Без оглед на правецот на движење не заборавајте да ја заштитите главата.
Кога од ударот ќе престанете да се движите, доколку сте во можност станете веднаш, бидејќи не треба да ризикувате повторно да ве удри нешто. Замолете го возачот да остане на местото, земете му податоци и запишете ги броевите на таблицата, повикајте полиција и пријавете ја несреќата, а потоа веднаш во болница. Доколку не чувствувате болка, не значи дека не сте повредени. Адреналинот може да ве лаже, затоа веднаш побарајте лекарска помош.