Прилеп од секогаш важи за едно од главните навивачки упоришта кога државните репрезентации се во прашање.
Кафулињата овој период како и секоја година преполни. Се навива со срце и жар за Македонија, се бодрат момците кои досега направија чудо.
Така ќе биде и во недела кога нашата репрезентација ќе ја започне борбата за полуфинале со Шпанија.
Како навива Прилеп кога Македонија игра во полуфинале, најдобро говори видеото во продолжение, каде е прикажана дел од атмосферата на градскиот плоштад, кога Македонија и Шпанија се сретнаа во полуфиналето на Европското првенство во кошарка 2011 година.
Погледнете: