Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени ја премина реката Тибар во Рим, движејќи се по жица на висина од 20 метри над реката, во близина на мостот Сент Анџело.
Лорени, кој поминал 135 метри, рекол дека во еден момент помислил да се откаже поради дождот, ветерот и одсјајот на водата.
“Но, секако не можеш тоа да го направиш. Мораш да завршиш и да оставиш твоите чувства да те водат, и покрај стравот. Преубаво е”, рекол Лорени.
А/Г/